„Скопје мора да ги направи ветените уставни измени за да продолжи по својот пат на евроинтеграции. Ова го изјави портпаролката на ЕК Ана Писонеро во врска со изјавите на новата влада на Северна Македонија, предводена од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, jaвува БГНЕС, пренесува Трибуна.

Писонеро нагласи дека Европскиот совет јасно ги изнел своите очекувања пред Скопје, а тие се директно поврзани со ветените уставни измени.

„Договорот од Преспа мора да се почитува и спроведе од сите политичари во Северна Македонија“, додаде таа.