Европската комисија (ЕК) го претстави усвоениот предлог на Комисијата за „дигиталниот зелен сертификат“ што ќе овозможи полесно патување во рамките на Европската унија (ЕУ). Според предлогот на ЕК, овој сертификат ќе биде и во печатена и во електронска форма и ќе го издаваат властите од сите земји-членки и ќе бидат признати од сите други членки на Унијата, пренесува Еуроњуз.
„Нашата намера е да ги искористиме овие сертификати за да им помогнеме на земјите-членки да го обноват слободното движење на безбеден, одговорен и кредибилен начин“, рече претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, која го претстави предлогот.
– Advertisement –
Дополнително, Комисијата остава на земјите членки самите да одлучат дали во своите граници ќе ги признаат и вакцините кои сѐ уште не добиле зелено светло од Европската агенција за лекови (ЕМА).