Од Европската комисија (ЕК) денеска прецизираат дека целта на предлогот за дигитални пасоши е да се олесни движењето внатре во Европската Унија (ЕУ), без гаранции за третите земји, јави дописничката на МИА од Брисел.
Кристијан Виганд, портпарол на Европската Комисија, изјави дека ЕК ќе се осигура дека предлогот кој се очекува на крајот на оваа недела ги почитува сите меѓународни стандарди, но примарна цел не е отворањето на границите кон земјите вон ЕУ.
– Advertisement –
„Сакам да истакнам дека целта на сертификатите е да се олесни безбедното движење во ЕУ, тие нема да донесат нови рестрикции, нема ништо да забранат, ќе ги направат работите полесни, ги гледаме и третите земји и во контакт сме со меѓународни тела како Светската здравствена организација за да се зема предвид интероперабилноста и меѓународните стандарди, но предлогот е фокусиран на слободното движење внатре во ЕУ“, изјави Виганд, пренесе МИА.