Бугарија и Грција се најдемократските земји на Балканот, според Светскиот индекс на демократија за 2020 година, пренесува БГНЕС.

Рангирањето составено од Economist intelligence  unit (EIU) нагласува дека „2020 година била многу лоша година за светската демократија“.

Бугарија се наоѓа на 52-то место во светот со 6,71 бод, далеку пред сите свои соседи, вклучувајќи ја и Романија, која се наоѓа на 10 места позади нашиот источен сосед.

Оценката за работата на бугарската влада е 5,71, што е подобро достигнување во споредба со работата на владите на Романија, Србија и Албанија кои се оценети со 5,36.

Учеството на Бугарите во политичкиот живот е оценето на 7,22, што покажува е доста висок рејтинг. Во однос на изборниот процес, Бугарија е на исто ниво со Полска – 9,17.

И покрај добрите резултати Бугарија спаѓа во категоријата на таканаречените „неисправни демократии“. Во истата категорија спаѓаат сите поранешни комунистички земји од Централна и Источна Европа, како што се Полска, Унгарија, па дури и Чешка, која е единствената земја во регионот што ја познава класичната демократија и пазарна економија во последните 100 години.