Организаторите на музички фестивал „Егзит“ објавија дека настанот станува прв голем фестивал во светот што ќе овозможи купување билети со биткоини, односно најпознатиот дигитален систем за плаќање.

Како што изјавуваат од таму оваа иновација е со цел да се направи уште попосебно прославувањето на 20-годишнината од фестивалот кој е закажан од 8-11 јули на Петроварадинската тврдина во Нови сад.

На фестивалот своето учество веќе го потврдија Дејвид Гета, Диџеј Снејк, Тајга, Асаф Авидан, Борис Брејча, Сабатон и други.

Со растот на блокчејн технологијата, дигиталните валути и незаменливите токени, организаторите препознале дека фестивалот треба да биде прилагоден и да ги прифатат новите технологии, со цел да ги задоволат потребите на публиката и ако сакаат да се развиваат во иднина.

Со оглед дека плаќањето со биткоини во Република Србија не е регулирано со закон, набавувањето на билети на овој начин ќе биде возможно само преку интернет.