Домаќинот на Мундијалот, репрезентацијата на Египет очекувано на отворањето ја оправда фаворитската улога и со 35:29 го совлада Чиле. Неизвесноста беше присутна само во воведните минути (2:2), по што ибраниците на селекторот Роберто Парондо кој е поранешен тренер на Вардар, наметнаа свој ритам и брзо поведоа со три гола разлика (5:2).
Одличната игра во одбраната им донесе лесни голови на „фараоните“ и на полувреме имаше предност од седум гола 18:11.
Египетските ракометари второто полувреме го одработија рутински, не му дозволија на противникот да внесе резултатска неизвесност и на крајот славеа со 35:29.
Во вториот меч од првото коло во оваа група Македонија утре во 20.30 часот ќе игра против Шведска која е десеткувана поради коронавирусот.