Египет денеска ја отвори својата копнена граница со Појасот Газа и испрати десет амбуланти во палестинската енклава за евакуација на ранетите во палестинско-израелскиот конфликт, пренесуваат агенциите.
Официјален Каиро направи исклучок и „ја отвори границата Рафах за премин на десет египетски амбуланти за евакуација на ранетите и нивно пренесување во Египет на лекување“, изјави извор кој побарал да остане неименуван.
Граничниот премин Рафах е единствениот излез од Газа што не е под контрола на Израел.
Газа е под блокада на хебрејската држава од 1967 година.
Египетското јавно здравје уште вчера најави дека три болници се подготвуваат да ги примат ранетите од Газа.
Според последните податоци на палестинските власти, 139 лица загинаа, од кои 39 деца, а речиси илјада се повредени во воздушни напади и бомбардирања на Појасот Газа со кои Израел одговори на палестинските ракетира на својата територија од Појасот Газа, каде на власт е исламистичкото палестинско движење Хамас