Втора редовна изборна конференција на младинската организација на Бошњачкиот демократски сојуз (БДС), на која за нов претседател е избран кандидатот Едо Хусковиќ, се одржа денеска во Охрид.
Покрај претседател, на изборната конференција избраа и кандидатот Хамза Хот за потпретседател, а за членови на претседателството се избрани Хајра Демировиќ, Салма Куртановиќ и Зидан Демировиќ.

Младинската организација на БДС во заклучок од конференцијата, нагласува дека активно ќе работи и ќе се залага да биде препознатлив дел од мултикултурниот политички мозаик во земјата, со фокус на политики кои ќе се залагаат за заштита, промоција и унапредување на правата на Бошњаците во Северна Македонија, но и сите останати рамноправни граѓани во оваа земја.

– Политики во чиј фокус се младите, промоција на бошњачките културни и традиционални вредности, заштита на животната средина, подобрување на условите во образованието, културата, спортот, како и меѓусебното поврзување на младите Бошњаци од земјите од регионот, особено со Босна и Херцеговина, се сегментите врз кои ќе биде ставен акцентот при нашето делување во јавната политичка сфера, потенцирано е во заклучокот на конфенрецијата на младинската организација на БДС.























