Состојки:
150 гр брашно
50 гр путер
50 гр шеќер
1 јајце
рендана кора од 1 лимон
1 прашок за пециво
Подготовка:
На работната маса ставете го брашното и замесете тесто додавајќи ги путерот, јајцето, пецивото и кората од лимон.
Тестото завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер 1 час.
Расукајте го тестото и со калапи во разни форми направете мали колачиња.
Печете ги 20 минути во загреана рерна на 180 °C.
Откако ќе се испечат декорирајте ги.
Состојки за декорација:
1 белка од јајце
1 лажичка сок од лимон
125 гр шеќер во прав
прехранбена боја
Подготовка:
Во сад за матење ставете ја белката и додајте го сокот од лимон. Мешајте со миксер и постепено додавајте го шеќерот во прав.
Смесата поделете ја на два дела во два различни сада. Во секој дел додадете различна прехранбена боја.
Потоа декорирајте ги колачињата по желба.