Дваесетгодишен маж беше избоден до смрт, а уште две лица беа повредени во два одделни инциденти на грчкиот остров Евија, соопшти полицијата.
Службениците изјавија дека случаите би можеле да бидат поврзани со насилство на фудбалски натпревари, објави Ројтерс.
Пет лица се уапсени, вклучувајќи двајца повредени мажи, додека најмалку осум лица наводно биле вклучени во насилството, изјави портпаролката на полицијата Константина Димоглида за грчката телевизија Скај.
Полицијата истражува дали инцидентите биле мотивирани од конфликт меѓу навивачи на два сопернички фудбалски тима.
Податоците на полицијата покажуваат дека бројот на насилни инциденти поврзани со спортот се дуплирал, од околу 300 случаи во 2020 година на 700 годишно, а службените лица исто така истакнуваат дека постои можна врска меѓу хулиганите и криминалните банди.
Фото: принтскрин
Текстот Едно лице убиено, две повредени на грчкиот остров Евија е превземен од МАКФАКС.
		






















