Полициски службеници од СВР Битола-ОВР Ресен денеска го лишија од слобода К.С. од с.Лева Река, ресенско поради постоење основи на сомнение дека го предизвикал пожарот во Лева Река, во кој беше опожарена нискостеблеста шума, кој во 17.40 часот е ставен под контрола. Тој е приведен во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.