Тренерот на Милан, Стефано Пиоли внимателно да ја следи ситуацијата поврзана со иднината на Енис Барди, пишува Калчиомеркато. Како што пишува овој портал, наводно Пиоло е во потрага по замена на Хакан Чалханоглу на средината на теренот, а интересен бил токму македонскиот репрезентативец.
-Вистинската замена за Хакан Чалханоглу сè уште не е пронајдена, но внимавајте на името од Шпанија за овој преоден рок: зборуваме за Енис Барди, протагонист со број десет на ЕУРО 2020 со репрезентацијата на Македонија, пишува Калчиомеркато.
Во минатиот зимски преоден рок се појавија и информации дека Арсенал го следи Енис Барди. Дали, еден од најдобрите македонски фудбалери ќе остане во Леванте или ќе ги смени купските бои, останува да се види. Тој има уште една година договор со Леванте, а неговата моментана цена според „Трансфермаркт“ е 15 милиони евра.