Луѓето на Тик Ток останаа во чудо откако корисник покажа како се сече и јаде ананас.
Жена која објавува на платформата под корисничкото име Дајан покажа едноставен трик поради кој многу луѓе заклучуваат дека цел живот погрешно го јадат ова овошје.
@_zealously.mom #todayyearsoldwhen #unbelievable #familynight #momsoftiktok #cookinghack #viral ♬ I Wanna Go Home – Fat Cat
На видеото можете да ја видите како го сече ананасот по линиите кои веќе постојат на кората, па кога завршила со сечењето добила парчиња од тоа овошје. Се чини дека малкумина знаеле за оваа постапка, судејќи по коментарите на објавата.
„Имам 50 години и штотуку дознав за ова“, „Ќе купам ананас веднаш за да го пробам ова“, „Има смисла“, „Зошто го открив ова сега“, се само дел од коментарите на објавата која собра повеќе од осум илјади лајкови.