НЕ треба да нагласуваме колку физичката активност е важна во нашите животи, но подеднакво е важна и во животот на нашите деца. Но, се чини дека спортувањето или некоја друга слична физичка активност може да има големо влијание врз нивниот успех на училиште.
Имено, една неодамнешна студија откри дека физички поактивните основци имаат подобри резултати во визуелните и читачките активности и меморијата од оние кои не биле толку активни. Научниците од Универзитетот Нотингем Трент набљудувале 104 студенти на возраст меѓу девет и единаесет години кои имале задача да решат низа задачи за когнитивните функции веднаш по вежбањето и по 45-минутен период на одмор, пренесува Medicalxpress.
Она што го откриле пријатно ги изненадило, но и воодушевило бидејќи денес се помалку деца спортуваат. Имено, студијата откри дека менталните вештини вклучувајќи работна меморија, флексибилно размислување и самоконтрола постепено се подобруваат веднаш по физичката активност. Децата кои вршеле ваква активност пред извршување на когнитивните задачи дошле до точни решенија пет до десет проценти побрзо од оние кои не се занимавале со никаква активност.
Зголемената активност води до подобри оценки
Истражувачите откриле дека особено им се допаѓа физичката активност пред да го решат, социјалниот аспект од неа и фактот што се прави на отворено. Ова укажува на фактот дека вежбањето би можело да биде ефикасен и одржлив начин за зголемување на физичката активност, кондицијата, а со тоа и менталните способности кај децата.
Водечкиот истражувач и вонреден професор на Факултетот за наука и технологија на Универзитетот Нотингем Трент, Сајмон Купер, објасни зошто тоа се случува. „Нашата работа ја покажува важноста на редовните можности за физичка активност во училиштата, не само за здравјето, туку и за училишниот успех и академските достигнувања. Тоа значи дека учениците кои се занимаваат со некоја физичка активност на подолг период имаат подобри оценки и генерално подобри резултати на училиште“, рече тој.
Подобрување на кондицијата и намалување на стапките на дебелина
Студијата е објавена во списанието Psychology of Sport and Exercise, а денес речиси 14 илјади училишта ширум светот учествуваат во оваа програма наречена Daily Mile. Споменатиот проект моментално е најпопуларен во Велика Британија. Оваа програма, велат експертите, би можела да помогне во промовирањето на здрава телесна тежина кај децата и да ја намали стапката на депресија кај тинејџерите.
“Една од фундаменталните цели на фондацијата е да им даде на децата можност да уживаат во редовна физичка активност за да ја подобрат нивната кондиција. Знаењето дека подобрената кондиција може да ги подобри когнитивните способности на децата е исклучително важна порака што треба да ја слушнат сите родители”, додава Купер.