Доделувањето на Оскарите не очекува на 25 април….
За еден месец не очекува најновото доделување на Оскарите, а како што стојат работите, рекламите кои ќе бидат прикажувани за време на оваа манифестација ќе чинат вистинско богатство.
Имено, како што пренесува „Variety“ телевизијата „ABC“ наводно бара 2 милиони долари за емитување на една реклама од 30 секунди на овогодинешните Оскари.
Оваа информација ја потврдија два неименувани извори кои се упатени во ситуацијата.
Тоа што ги загрижува емитувачите е дека гледаноста на Оскарите опаѓа.
Имено, минатогодишните Оскари, кои се случија непосредно пред заклучувањето и пандемијата, достигнаа најнизок рејтинг од само 23,6 милиони, што е за 6 милиони помалку во однос на претходната година.
Се очекува дека овој тренд ќе продолжи и оваа година. 93-то доделување на Оскарите, како што е веќе познато, ќе се одржи на 25 април 2021 година.