Втора година по ред, една од најпознатите згради во Чикаго ќе биде осветлена во боите на бугарското државно знаме по повод националниот празник на Бугарија 3 март, Денот на ослободувањето. За ова преку својот Facebook профил информира генералниот конзул на Бугарија во Чикаго Светослав Станков, јавува Трибуна.

„Белата, зелената и црвената боја ќе ги осветлат антените на највисоката зграда во Чикаго, кулата Вилис, која е трета највисока зграда на западната хемисфера. Иницијативата е резултат на одличната соработка меѓу Бугарскиот генерален конзулат во Чикаго и тимот на компанијата сопственик на зградата. Боите на бугарското знаме ќе ги осветлуваат антените на зградата од зајдисонце до 23 часот на 3 март, недела. Кулата Вилис е висока 442,3 метри, а е изградена во 1973 г.“, пишува генералниот конзул на Бугарија во Чикаго Светослав Станков.