Се навршува една година од автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 лица, меѓу кои и жени и деца од Македонија.

Автобус на „Беса Транс“ утрото во 3 часот најпрво удрил во банкина, а потоа се запалил. Се спасиле само седум лица. Меѓу загинатите биле 12 деца.

На местото на несреќата веднаш се упати и македонска делегација. Тогашниот премиер Зоран Заев ги посети повредени во болницата Пирогов во Софија.

Многу полемики предизвика несреќата, за која истрагата е во тек. Најпрво беше осомничен возачот како виновен, а потоа беа пронајдени недостасоци и на автопатот „Струма“.

Имаше информација дека во багажникот имало туби со нафта, кои придонеле брзо да се шири пожарот, но потоа беше демантирано од страна на компанијата.