Помина една година од потпишувањето на договорот во Вашингтон за нормализација на економијата меѓу Косово и Србија. Многу точки од овој договор сe уште не се имплементирани, додека Косово ја реализираше само определбата да отвори амбасада во Ерусалим, што беше услов за добивање признавање од Израел. Дериватот на тој документ беше и Извештајот од Стејт департментот на САД за тоа како да се користи езерото Ујман, објавен пред неколку недели. Но, Владата на Косово се уште нема заземено став во врска со овој договор. Премиерот Албин Курти пред неколку дена рече дека некои точки од тој договор се проблематични за Косово, бидејќи допираат во уставниот поредок.

Advertisements

Прикажи повеќе