Во турбулентната година која замина, познатата модна страница models.com ги објави резултатите од својата традиционална анкета според која титулата најдобра манекенка на годината ја понесе 28-годишната корпулентна манекенка од Велика Британија, Палома Елсезер.

Instagram

Моделс како една од највлијателните веб-страници во модната индустрија оваа недела ги објави резултатите од анкетата во која гласаат луѓето од модната индустрија и јавноста, а тие ја прогласија Палома за најдобра манекенка во годината обележена со пандемија.

Познатата 28-годишна Британка оваа година совршено ја презентираше револуцијата која во последниве години ја одбележа модната индустрија. Палома им пркоси на стандардите за убавина кои модната заедница ја следат со децении, а се однесува на изгледот на манекенките од кои се бара да се неверојатно слаби.

Instagram

Единствено лице кое ја дефинираше годината во целост“ – ја опишаа на страната од „Моделс“ Палома, која и покрај пандемијата оваа година успеа да триумфира на модната сцена.

Таа стана ѕвезда со кампањата за убавина на брендот „Глосиер“, во која го покажа раскошното тело на неретуширани фотографии, беше на модната ревија од брендот на Ријана за долна облека „SavagexFenty“ а неодамна ја имаше на насловната страна од американската модна библија „Вог“.