За време на неговата посета на Приштина, премиерот на Албанија, Еди Рама, го осуди однесувањето на Србија за одлуката на Владата на Косово за реципроцитет во однос на регистарските таблички, а српските воени движења на северот ги нарече „театарски маневри“. Рама по средбата со премиерот Албин Курти рече дека позицијата на Албанија е јасна кон проблемот на двата гранични премини Косово-Србија и му даде целосно право на одлуката за реципроцитет.
Advertisements
„Тие маневри не ги штитат српските граѓани во северно Косово, како што тврди официјален Белград, дури ни од некои духови-генерали од поразената армија на бојното поле пред повеќе од 20 години кои како да излегле од гроб и тврдат дека ќе се брани интегритетот и безбедноста на српските граѓани во Косово. Всушност, српските граѓани во Косово живеат без да бидат загрозени од никого, па дури и им ги плаќаат сметките за струја како никаде на друго место, не само на Балканот, туку и во светот“, рече Рама.
Рама повика на дијалог меѓу двете земји, но и да се внимава со специјалните единици на Северот за да не се создаваат проблеми со меѓународните пријатели. Рама рече дека ситуацијата уште еднаш ја нагласува важноста што може да ја има за регионот иницијативата Отворен Балкан. Оваа иницијатива, според него, не ја затемнува битката за признавање на Косово, ниту оти Отворен Балкан може да биде комплетен без признавање на Косово.
„Војната заврши и авионите што летаат таму се како пропагандна храна во Србија. Има една поговорка со која се вели дека братот и соседот не се бираат. Со братот ве поврзува крвта, семејството, вашето минато, а со вашиот сосед ве поврзува фактот дека го имате тука. Баба ми велеше, нема среќна куќа со несреќни соседи. Треба да ги вложиме сите напори, а напорите за Отворен Балкан не ја затемнуваат битката за признавање на Косово“, додава Рама.
Премиерот на Косово, Албин Курти, по средбата со Рама, објави дека во текот на денот се сретнал со командантот на КФОР со кого разговарале за безбедноста, но рече дека нема информации за интервенција од силите на КФОР.
„Немам такви информации за подготовка за интервенција на КФОР на северот. Специјалната единица во Брњак и Јариње не се за ние да уживаме во оваа ситуација, тие се таму со должност да ги штитат граничните точки и граничната полиција“, рече Курти.
Воената мисија на НАТО на Косово објави дека го зголемила бројот на патроли, вклучувајќи го и северниот дел. Тензиите во северно Косово се зголемија од 20 септември, кога косовската влада воведе мерка за реципроцитет со ставање времени регистарски таблички на возилата кои влегуваат од Србија. Претседател на Србија Александар Вучиќ рече дека Белград нема да толерира притисок и напади врз Србите на северот, а бројни српските сили се позиционираа блиску до границата со Косово.
Исуф Кадриу