Солун беше домаќин на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа на кој присуствува лидерите од регионот. Самитот се одржуваше вчера и завчера, а таму освен лидерите на регионот, беше и германскиот канцелар Олаф Шолц. Додека шетаа со Мицотакис, премиерот на Грција му ги претставуваше лидерите на германскиот канцелар. Кога дојдоа до Димитар Ковачевски, Мицотакис го претстави како премиер на Северна Македонија, а веднаш се вмеша Еди Рама, додавајќи: Во иднина Западна Бугарија. На ова сите се изнасмеаја, вклучувајќи го и Ковачевски. Дали е ова иронија на Еди Рама поради проблемите кои ги има Македонија пред се со Бугарија и невкусна шега или станува збор за дипломатски скандал засега е нејасно.