Владејачката социјалистичка партија и актуелниот премиер Еди Рама ќе победат на парламентарните избори кои се одржаа денеска во Албанија. Ова го покажуваат излезните анкети кои што ги објавија тамошните медиуми. Разликата помеѓу партијата на Еди Рама и на партијата односно коалицијата на Љуљзим Баша е мала, но медиумите според сите анкети предвидуваат победа на Социјалистичкат партија. Броењето на гласовите почна доцна вечерва. Според албанските медиуми и тоа како ги презентираат резултатите, засега е нејасно дали Рама би можел да добие мнозинство од 71 пратеник во парламентот кој брои 140 пратеници.