Премиерот на Албанија, Еди Рама на заедничката прес-конференција со Ковачевски и Вучиќ, по завршувањето на самитот ЕУ-Западен Балкан изјави дека ниту пандемијата ниту војната не успеале да ја обединат Европа, додавајќи дека европската Унијата не изгледа „Многу здрава“.

„Го изразувам моето длабоко жалење за Европската унија. Жал ми е за нив и се надевам дека можеме да им помогнеме. Се обидов да кажам неколку работи на средбата и ќе споделам со вас бидејќи не сакам да одземам премногу време. Мишел ни рече дека имаме 3 минути, јас му реков дека 30 секунди се доволни ако го одржат зборот. Им кажав дека се чувствувам добро и лошо што сум со нив. Се чувствував добро затоа што сум Европеец и бев меѓу Европејците, но се чувствував лошо затоа што овде не сме како Европејци, туку како гости во посебна куќа. Ова е вознемирувачко. Пандемијата и заканувачката војна која може да прерасне во светска војна не успеаја да не обединат. Имаме многу да направиме и од една страна мислам дека направивме многу за да ја поддржиме идејата на францускиот претседател. Би ценеле многу доколку новата политичка заедница на Европа стане заедно во заедничка куќа и покрај тоа што на различни катови, рече Рама.

Рама понатаму ја спореди здравствената состојба на рускиот претседател Владимир Путин со онаа на Европа:

„Главна тема беше Северна Македонија, некогаш Македонија. 17 години подоцна се уште е кандидат за отворање на преговорите. Дури и го смени своето име, а тоа не направи никаква разлика. Албанија чекаше 8 години и јас требаше да освојам трет мандат и уште чекам да се отворат разговорите. Причината не е само Бугарија, тоа е катастрофа, туку причината е искривениот дух на проширувањето и Бугарија е нејзиниот најочигледен израз. Духот на проширувањето премина од заедничка визија, до земање заложници од одделни земји. Прашањето за Бугарија е срамота, земја НАТО киднапира две други земји од НАТО, додека во Европа има војна. Путин можеби е болен, но оваа унија овде не изгледа здраво, изјави Рама.