Премиерот Еди Рама се огласи на твитер порачувајќи дека последниот француски предлог кој е испратен до владата на Северна Македонија е конечен и, како што вели, порачува на неговите браќа Македонци и Албанци во Северна Македонија да го прифатат.
-Последниот француски предлог, кој воедно е и конечен, и дава можност на Северна Македонија за безусловен пристап и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија! Им велам на браќата Македонци и Албанци во Северна Македонија: Прифатете!
Propozimi i fundit francez, i cili është edhe përfundimtari,i jep Maqedonisë së Veriut mundësinë e një pranimi pa rezervë dhe hap rrugën e nisjes zyrtare të negociatave për anëtarësimin e të dy vendeve në Bashkimin Europian! Vëllezërve maqedonas&shqiptarë në MV u them: Pranojeni! pic.twitter.com/0bDtV99xTW
— Edi Rama (@ediramaal) June 30, 2022