ФОТО:  Gostivarpress

Тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот рано утринава се случи на патот Кичево-Гостивар кај „Тајмишка раскрсница“.

Во несреќата учествувале товарно возило „ман“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Гостивар и патничко возило „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки.

-На местото на несреќата починал возачот на возилото „хјундаи“, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево и се работи на утврдување на идентитетот на лицето. Со тешки телесни повреди се здобила Р.К.(42) од Скопје, сопатничка во истото возило, констатирани во Ургентниот центар во Скопје, информираат од МВР.

Увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи.