Еден тон кокаин, со вредност од повеќе од 85 милиони евра на црниот пазар, е откриен минатиот четврток на пристаништето Руан во контејнер од Јужна Америка, јави дописникот на МИА.
Според обвинителството од Лил, 1.065 кг дрога се запленети при истовар на брод „што претходно минал низ неколку пристаништа во северна Европа“, изјави обвинителот од Лил, Карол Етиен во соопштението за јавноста.
Кокаинот бил сокриен „меѓу товар со вреќи со средства за третман на вода“, во 933 пакетчиња.
На 22 март, поморската префектура на Атлантикот објави заплена од страна на француската морнарица на над шест тони кокаин во Гвинејскиот залив. (МИА)