Сала, најладниот град во Лапонија, Финска, вчера објави дека ќе поднесе кандидатура за организација на Летните Олимписки игри кои треба да се одржат во 2032 година.
Главните луѓе на малиот град кој е сместен северно од Арктичкиот круг, каде температурите од минус 50 степени не се невообичаени, признаваат дека ова е „луда идеја“ со сериозна порака, а тоа е кампањата за освестување од последиците од глобалното затоплување.
– Нашата намера е јасна, сакаме да ја зачуваме Сала таква каква што е и нашите зими кои се ладни и со многу снег. Така ни се роди оваа луда идеја, да организираме Летни Олимписки игри во еден од најстудените градови на светот – изјави градоначникот на Сала, Ерки Паркинен.
Тој нагласи дека доколку Сала може да ги организира ЛОИ 2032 година, тоа ќе значи дека тепмературите продолжите да растат.
– Доколку само седиме и не правиме ништо ќе дозволиме голобалното затоплување да надвладее, ќе го загубиме нашиот идентитет, а градот кој го сакаме, но воедно и други градови ќе претстанат да постојат. Нашите лета се сè потопли и потопли, а зимите се пократки. Мора да зачуваме нашата Сала да остане ледена, ладна и снежна – изјави Паркинен.
Од финскиот град веќе започнале со подготовки за поднесување на кандидатурата за организација на ЛОИ и тоа со изработка на лого, маскота, униформи…
Меѓународниот Олимписки комитет (ИОК) одлуката за тоа кој ќе биде домаќин на ЛОИ 2032 година ќе ја донесе пред 2025 година, а веќе неколку градови пројавија интерес да бидат организатори како Доха, Мумбаи и здружени градови во германската покраина Рајна-Рур.
The post Еден од најстудените градови на светот сака да организира Летни Олимписки игри appeared first on Слободен печат.
Еден од најстудените градови на светот сака да организира Летни Олимписки игри was first posted on јануари 27, 2021 at 4:33 pm.