Франција воведува електронска лична карта, што треба да претставува нов бедем против фалсификаторите. Таа е во формат на кредитна картичка и вклучува два отпечатоци од прсти и фотографија во високо безбеден чип, јави дописникот на МИА.
Според експертите, тој е еден од најбезбедните документи во светот. Во формат на кредитна картичка, новата национална електронска лична карта (ЦНИe) има доволно „брави“ за да ги одврати најталентираните фалсификатори. Официјално таа беше претставена денеска во Националната печатница од страна Марлен Скиапа, делегирана министерка задолжена за граѓанство при министерот за внатрешни работи.
На личната карта се наоѓаат елементи за лицата со оштетен вид, тој вклучува два отпечатоци од прсти и фотографија во безбеден чип што ефикасно ќе се бори против кражбата на идентитет.
За да ја “зајакнат” заштитата на овој документ, експертите од Националната агенција за безбедни документи (АНТС) ја збогатија новата електронска картичка со безбедна заднина, која содржи симболи видливи под лупа, кои се протегаат на проѕирните рабови на картичката, холографски уред од нова генерација, како и промена на сликата на фотографијата. Конечно, датумот на истекување на задната страна на картичката потврдува дека сликата на сопственикот на картичката не е променета.
-Ние не ги решаваме проблемите од 2021 година со решенија од 1995 година (во врска со датумот на претходната лична карта), вели Марлен Скиапа.
Реалноста е дека секоја година повеќе од 33.000 Французи стануваат жртви на кражби на идентитет. Безбедносните сили во 2020 година пресретнаа речиси 9.000 лица кои носеле лажни документи и открија околу триесет криминални мрежи. Трошоците за жртвите и за заедницата се значителни. Тоа е исто така напад врз државјанството, велат властите
Овие фалсификувани документи се со лажен граѓански статус, а тековните лични карти биле копирани во аптеките во Турција, на Балканот или во Тајланд каде што дел од француските насилници ги поминуваат своите одмори. Во 2019 година, полициските служби и жандармеријата забележаа 45.000 поплаки и беа пресретнати повеќе од 8.000 фалсификати, како и разбиени 32 криминални мрежи. Повеќе од кога било, трговијата со украдени или фалсификувани документи промовира илегална имиграција, ја експлодира социјалната измама со социјална помош проценета на 30 милијарди евра од судијата Шарлс Прат – и служи како поддршка за измамите на Интернет.