Сите наши проекти детално се проверуваат пред да бидат одобрени, па така и проектот за воведување на Бас рапид транзит во Скопје, велат од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) откако градоначалничката Данела Арсовска кажа дека банката немала направено длабински анализи за проектот, пишува СДК.мк
„Објавуваме извонредно детални информации за сите проекти на нашата веб страна. Сите наши проекти се предмет на многу детална проверка, пред да бидат одобрени и горди сме на високите стандарди според кои се раководиме, и истото го очекуваме од нашите партнери и клиенти. Постојат голем број на чекори на заштита и проверка, кои што ги применуваме за да обезбедиме услови за нашите проекти да ги задоволат овие стандарди“, велат од ЕБОР.
Минатата недела, градоначалничката Данела Арсовска кажа дека овој проект го стопира и нема да го реализира бидејќи ќе биде на штета на граѓаните, ќе има големи импликации по зеленилото и водоснабдувањето на градот.
Повеќе на следниот ЛИНК.