Какви притисоци има врз пратеници од владејачката коалиција кои би поддржале избори, како што вчера изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ? СДСМ во партиска реакција демантира и го обинува за „лаги”, но Мицкоски останува на истите тврдења. Дојче Веле побара одговор од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – за каков вид притисоци станува збор?

„Има два типа на закани за кои сум информиран – едниот е директен, во смисла ќе ви се случи лошо вам и на вашите блиски ако поддржите избори, а вториот тип на закани е преку посредници на луѓе блиски до тие пратеници, нивни роднини и пријатели. Добро е што поголемиот дел се охрабрени и директно сведочат за таквиот однос. Јас сум убеден дека тие ќе останат доследни, бидејќи борбата за Македонија нема цена, а криминалците еден ден ќе зажалат за ова што го прават“, вели Христијан Мицкоски.

Според него, „дел од пратениците кои се предмет на обработка, се во грч, но и разочарувања од таквиот приод”.

Целата вест на Дојче Веле.