Производи со сомнителен квалитет, достава на пратки без фискална сметка, доцнење на испораки, се само дел од поплаките на граѓаните на социјалните мрежи кои купуваат преку интернет. Од Асоцијалијата за Е-Трговија за Алсат велат дека граѓаните треба да бидат внимателни кога купуваат од трговци на Фејсбук. Поголемиот дел од нив не се регистрирани како компанија, а со тоа купувачот не добива потврда за нарачката. Кај легалните за плаќањето се одвива онлајн, или ако се плаќа во ќеш ќе мора однапред да побараат фискална сметка или готовинска фактура, која е опфатена со законот за Е-Трговија.
– Advertisement –
„Најнова работа што ја пласиравме е беџ за верификуван трговец кој на некој начин прави дистинкција помеѓу Е- трговците кои ги задоволуваат основните правни регулативи кои што се наметнати. Но сепак има и Е- трговци кои немаат, бидејќи за тој беџ треба прво да аплицираат трговците да се направи проверка дали е се како што треба“, рече Виктор Стојкоски генерален секретар на Асоцијацијата за Е-Трговија.
Од Асоцијацијата велат дека не постојат разлики во обврските на онлајн компаните и оние – традиционалните кои продажбата и услугите ги нудат физички. Но доколку граѓаните не се задоволни од производот освен во Асоцијацијата за Е-Трговија,може да се пожалат во Организацијата на погтрошувачи, и до Државниот пазарен инспекторат. Но, како Министерството за финансии превенира, не добивме одговор.
На кој начин ќе се сузбие овој нов канал на сива економија, одговор не добивме од Министерството за финансии. Добро упатените велат дека државата потребно е да ги детектира и адресира нелегалните продажби кои од улица сега истите производи ги продаваат на социјалните мрежи.
Граѓаните кои ги анкетиравме поделени околу ставот за пазарење на интернет.
Колку често користите онјалн тргување?
-„Многу често…“
-„Не јас не купувам. Едноставно не купувам на интернет…“
„Многу ретко. Зошто? Па што знам, немам навика“, рекоа анкетираните граѓани.
Официјалните податоци велат дека во првите три квартали лани граѓаните од земјава потошиле 155 милиони евра во онлајн шопинг. Во однос на други години лани драстично повеќе се купувало од македонските компании во однос на странските трговци.
Иле Петревски