Премиерот Димитар Ковечевски ја отрезни Европската унија за улогата на одредени невладини организации, кои во изминатиот период имаат потрошено милиони евра од европски фондови за спроведување проекти, кои наводно промовираат европски вредности во земјата.
На самитот на ЕУ и земјите од Западен Балкан кон крајот на јуни во Брисел, премиерот Ковачевски остро ги обвини таканаречените европски експерти, кои во исто време раководат и со невладини организации, за свесно и оркестрирано ширење на хистерија во медиумите против францускиот предлог, со кое треба да се надмине спорот со Бугарија.
„Произлезе дека тие не разбираат како се изработуваат предлозите, како тие се комуницираат, како тие предлози се споделуваат меѓу земјите членки и кандидатите. Или го правеа тоа затоа што имаат лажни дипломи или го правеа тоа за некои други интереси, се надевам дека тоа не се интереси на трети страни“, обвини Ковачевски.
Од дипломатски извори од Брисел дознаваме дека ваквото обвинување на Ковачевски предизвикал вистинска бура во администрацијата на Европската унија, која наводно побарала од дипломатска мрежа да собере информации за аргументите што овие невладини екперти ги користат во дебатата за францускиот предлог.
Европските дипломати откриле дека иако предлогот не бил објавен, овие експерти ширеле шпекулации и претпоставки со цел да создадат негативно мислење во јавноста. Дел од нив преку настапи во медиумите или користејќи социјални медиуми ширеле евроскептицизам дека Бугарија нема да го повлече ветото, што се покажа како неточно, дека ЕУ ја изгубил довербата кај македонските граѓани или дека ЕУ е во криза и не знае што да направи со себе.
Дури имало и такви манипулативни изјави дека владата намала мандат да решават за францускиот предлог сугерирајќи тој да биде одбиен со НЕ БЛАГОДАРАМ!
Исто така, Брисел дошол до запрепастувачки податоци дека овие експерти имале слични ставови со пруруските елементи во земјата, кои во периодов тврделе дека колективниот Запад пропаѓа или дека Макрон ги води Македонците во пропаст.
Иатите извори брифираат дека сомневањето на Брисел дека овие експерти имаат политичка агенда се потврдило со заедничкиот настап на 11 невладини организации, кои криејќи се зад барањето за транспаретност на процесот, уште еднаш го повториле ставот дека францускиот предлог треба да се отфрли бидејќи решението за македонски јазик не бил чист, а историските теми останувале на маса.
Поради ваквото скандалозно однесување на претставниците на овие невладини организации, кои во јавноста се претставуваат и како врвни експерти, Европската унија во наредниот период може да го преиспита спроведувањето на тековните проекти од овие организации и ќе биде повнимателна на кои невладини организации доделуваат грантови.
Нашите извори тврдат дека посебни мерки и импликации за носителите на тие проекти и субјектите ќе има по примерот во Србија и Турција, каде цели европски фондови се повлекоа или ги класифицираа носителите на проектите како здруженија со ставови спротивни на ЕУ вредности и принципи. Р.З.