Новинските агенции на Северна Македонија и Бугарија, МИА и БТА договориле зајакнување на соработката преку размена на сервисите и борба против лажните вести.

Генералниот директор и главен и одговорен уредник на МИА, Драган Антоновски, заменик-директорот Халит Ајдини и уредничката на генералниот сервис, Ана Цветковска вчера претојувале во Софија, на покана на генералниот директор на БТА, Кирил Волчев.

Раководствата не двете агенции констатирале дека имаат добра соработка, која може да се продлабочи преку потпишување на нов договор, кој ќе биде согласно новите текови на агенциското работење и во себе ќе го опфати мултимедијалниот пристап, односно размена на видео сервисите на двете агенции.

„МИА и БТА имаат договор од 1999 година, кој во почетокот имал конкретни одредби, но потоа се претворил во еден меморандум, согласно кој и всушност разменуваме некакви информации. Она што се договоривме е размена на целосните сервиси на МИА на официјалниот јазик и на англиски, со исклучок на оние информации, кои засегаат трети страни, на пример други Агенции“, вели Волчев.