Пратеникот Антонијо Милошоски изрази задоволство што на вчерашната собраниска седница било прифатено да се дискутира за Резолуцијата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, за македонските црвени линии поврзани со евро-интеграциите и со блокадите од Бугарија, а кои се однесуваат пред се на сочувување на идентитетот и јазикот.
Според она што го изјави Милошоски, за Резолуцијата ќе се расправа веднаш кога ќе заврши расправата за ребалансот за буџетот, која е веќе во второ читање и втор ден. Тоа значи дека најдоцна за десет дена Резолуцијата ќе биде ставена на дневен ред пред пратениците.
Во однос на тоа што документот е поднесен со С.Македонија, резолуцијата ќе претрпи измени. Односно ќе се интервенира преку амандман со цел на резолуцијата да пишува Северна Македонија, како што бараше СДСМ.
Па, така оваа партија поднела амандман по ова прашање, а кога ќе се најде пред пратениците ВМРО-ДПМНЕ ќе биде воздржана, односно нема да гласа за или против, па така амандманот ќе помине. Според Милошоски побитно е резолуцијата да помине согласно содржината и да нема веќе како што вели пазарџиска демократија.
-Секоја политичка партија и пратеник има право да поднесе амандман до почетокот на седницата. До вчерашниот почеток и утврдување на дневниот ред знам дека има поднесено само еден амандман, од владејачкото мнозинство, каде што тие обрнуваат внимание на формата што за нив е важна. Ние не можеме да влијаеме на таквата нивна одлука, тоа е нивно право и по однос на истиот амандман ќе бидеме воздржани, но тие имаат доволна бројка тој да помине. Битно ни е дека содржината на Резолуцијата која што се однесува на македонските позиции за Бугарија ќе биде сочувана и како таква уште побидно е што во точката број 7 и 8 е обврзувачка за оваа и за секоја идна Влада, да постапува согласно содржината на оваа Резолуција, изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.