Вицепремиерот Битиќи верува дека нема да има злоупотреби при петтиот пакет мерки. Како што вели тој ќе се отпишуваат камати од долговите направени до ноември 2020-та година.

Тој изјави дека законското решение се подготвува, а граѓаните ќе бидат навремено информирани и повикани поединечно во јавните претпријатија со цел да не се прават гужви и да се заштити нивното здравје.

Уверува дека има механизми за да се спречат можните злоупотреби од страна на граѓаните.

– Даваме можност на секој граѓанин да добие отпис на камати, ако претходно направи репрограмирање за отплата на основниот долг на 12 месеци. Тоа значи дека репрограмирањето мора да докаже и да почне да го отплаќа. Механизмот ќе биде дека сметководствено ќе му бидат отпишани каматите, но ако после првиот месец не продолжи со исполнување на договорните услови, ќе почнат затезните камати да течат како што течеле претходно, истакна Битиќи.