Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека ќе се прават измени на Законот за здравствена заштита со цел да се ограничат цените за лекување на пациентите заболени од Ковид 19 во приватните клиники. Како што вели тој, оваа измена ќе биде поднесена до Владата веќе утре.
Пред една недела, по средбата со приватните клиники, само „Жан Митрев“ се согласи да ги намали цените, а од „Систина“ порачале дека немаат економска логика, односно не им е исплатливо да ги намалат цените.
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека ваквата одлука е донесена по апелите од граѓаните во однос на цените што се наплаќаат во приватните болници, а се движат по неколку илјади евра.