Ниту еден возач не се пријавил на јавниот повик на Град Скопје за приватните автобуски превозници за линиите 9, 11 и 12 велат од ,,Слобода превоз” и ,,Макескпрес”.

Веќе втор месец како Скопје стана слепо црево, скоро невозможно е да се стигне на посакуваното место во посакуваното време. Најпогодени се граѓаните од северот на Скопје, населени места кои автобуските линии ги обвиваа приватните превозници. Чаир, Скопје Север, Топанско поле, Шуто Оризари населби во коишто живеат над 100 илјади луѓе мака мачат да стигнат до центарот на градот. 9, 11 и 12 не сообраќаат а и по денешниот втор јавен повик нема заинтересирани страни за превземање на линиите.

Со ист проблем се соочуваат и жителите на Ченто. Автобуските линии во овој дел од Скопје ги обавува само ЈСП, но од претпријатието немаат слух за пуштање на дополнителни автобуси за потребите на граѓаните. Се случува возачите да не застануваат на постојките поради преполнетите автобуси па така граѓаните секојдневно реагираат коишто доцнат на работа.

Во ек е зимскиот распуст за учениците, а вистинска борба за место во автобус ќе биде кога ќе почне второто полугодие од училишната година. Во овој дел од градот до пред конфликтот на Арсовска со приватните превозници на чело со Ленин Јовановски, сообраќаа и линиите 23 и 45. И не се само овие населби најпогодени од неспособноста на Арсовска, и жителите на Волково и населените места околу се незадоволни од честоста на автобуската линија 22.

Не се ни гледа некакво придвижување во позитивна насока со јавниот превоз во Скопје. Ниту еден возач не се пријавил на јавниот повик на Град Скопје за приватните автобуски превозници за линиите 9, 11 и 12 велат од ,,Слобода превоз” и ,,Макескпрес”.

Исто така било и со првиот оглас за линиите 20 и 22, кога ниту еден од нивните возачи не е пријавен ниту во вториот оглас за овие линии.

Не е ни на повидок ,,зрак светлина од крајот на тунелот”, ни двонеделни блокади на скопските улици на приватните превозници не беа доволни градоначалничката да проба да го реши проблемот. Нејзиниот став дека ,,без нив се може” се виде дека е тотална глупост. На површина испливаа проблемите во јавното сообраќајно претпријатие, немањето возачи, механичари, автобуси во возна состојба… единствено нешто со што не кубури ЈСП е администрацијата која е вработена со помош на партиските книшки.

Од целата оваа ситуација си пати само народот, коишто по година дена раководење на градот од стана на Арсовска не виде ништо позитивно освен афери и разрешувања директори на јавни претпријатија кои самата ги назначила.

До каде ќе оди своеглавоста на Арсовска не знаеме, но скопјани знаат дека ова не го заслужуваат.

Дека треба нешто да се менува во градот е јасно како ден. Функционален, ефикасен јавен градски превоз не може без приватниот сектор. Мора и треба што побрзо да се реши функционалноста на јавниот превоз, а до тогаш ќе заглавуваме во градскиот метеж и ќе го дишеме загадениот воздух за кој освен тешката индустрија и домаќинствата како едни од најголемите загадувачи мора да се споменат и големиот број (застарени) возила на скопскиот асфалт.

Превземено од 24инфо.мк