Екипата на Еурофарм Пелистер продолжува со контролните натпревари во пресрет на вториот дел од сезоната и во последниот натпревар ја совлада Горица со 24:27. Ова е прв триумф за пелистерци кои подоготивките ги одработуваат без репрезентативците кои се на СП во Египет.
Првото полувреме заврши со убедлива предност од шест гола (16:10) за Е. Пелистер, а стекната предност им дозволи рутински да го одработат вториот дел. Одлична партија прикажа Ѓукиќ кој постигна осум гола, Кукуловски даде пет, а Граџан три гола за Е. Пелистер, додека кај Горица најдобар беше Бура со 10 гола.
Претходно, Е. Пелистер одигра без победник против Целје (26:26), а загуби во натпреварот против ППД Загреб со 23:26.