Данска одобри план за изградба на првиот енергетски остров во светот, во Северното Море, кој ќе произведува и складира доволно зелена енергија за потребите на три милиони европски домаќинства за електрична енергија.
Вештачкиот остров, со големина од 18 фудбалски игралишта, ќе биде поврзан со стотици турбини на ветер и ќе обезбеди енергија и за домаќинствата и за индустријата.
Тој ќе биде поврзан со повеќе европски земји.
Планот доаѓа паралелно со најавата за амбицијата на Европската унија за трансформација на електроенергетскиот систем, кој во рок од десет години треба да се потпира на обновлива енергија и зајакнување на капацитетот на ветерните електрани.
Oва е голем момент за Данска и глобалната зелена транзиција, рече данскиот министер за енергетика Дан Јоргенсен.
Енергетскиот јазол во Северното Море ќе биде најголемиот градежен проект во данската историја, a изградбата на островот ќе чини речиси 34 милијарди долари.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.