Светската здравствена организација (СЗО) денеска препорача верските собири во Европа, имајќи ги предвид Велигден и Рамазан, да се одржуваат на отворено во земјите каде собири се дозволени.
„Во земјите каде вирусот се шири повеќе, треба сериозно да се размисли за виртуелни собири, за одложувања или за намалување на големината на овие собири“, препорача СЗО во однос на верските прослави во текот на пролетта во Европа.
Општо, „сите религиозни обреди треба да се одржуваат надвор, ако е можно, или да се намалат по обем и времетраење, во однос на проредот, вентилацијата, миењето на рацете и употребата на маски“, препорачува организацијата на ООН.
„Уште подобро е ако се слави само со членови на домаќинството“, вели СЗО, предупредувајќи дека треба да се избегнува секој контакт во случај на симптоми и карантин.
Што се однесува до собирите во затворени простори, СЗО потсетува дека тие се „особено опасни, дури и ако се помали“ затоа што се собираат членови на различни домаќинства, иако официјално не ги забранува овие собири.
Во неколку земји во европскиот регион на СЗО, кој вклучува околу 50 земји, вклучително и Русија и неколку земји од Централна Азија, „бројот на заразените сериозно расте и не смееме да се откажеме од претпазливост во оваа фаза на пандемија“, соопшти организацијата.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.