Легендарната актерка, поранешна фитнес икона и активистка Џејн Фонда во нејзиното најново интервју за „Harpers Bazaar“ откри дека во моментов не бара сексуален партнер, но ако некогаш бара, би сакала помлад маж.
Секако, кога ја прашаа дали се сменила нејзината дефиниција за интимност, Фонда одговори во свој стил.
„Треба ли да го кажам ова? Не знам. Добро, ќе бидам искрена. Тоа беше една од болните работи кои ги сфатив до 80 години – не знам ни колку години имам – 83, и сега сум сама. Она за што навистина морав да размислувам е деканавистина не сум способна за интимност. Не е до нив. До мене е. Кога некое момче ќе ми речеше да бидам тука за него, секогаш бегав преплашена. Ме привлекуваа мажи кои никогаш не би ми го правеле тоа…“, вели Џејн.
Фонда во интервјуто кажа дека иако ѝ недостасува интимноста, некако се помирила со тој дел од нејзиниот живот.
„Не сакам да бидам во сексуална врска. Немам таква желба. Дали фантазирам? Секако дека фантазирам. Сонувам дека ќе запознаам некој професор или истражувач, некој кој е навистина способен да сака, да негува жена… И секако би сакала да биде помлад маж“, вели 83-годишната актерка велејќи дека е навистина суетна.