Франција ќе ги заостри рестриктивните мерки што веќе беа на сила во регионот на Париз, но и во некои други области во земјата, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.
Новите мерки ќе бидат во сила најмалку еден месец.
– Advertisement –
„Ќе ја изгубиме контролата ако не реагираме веднаш“, рече Макрон во телевизиско обраќање до нацијата.
Макрон додаде синоќа дека Франција ќе ги затвори училиштата и градинките за три недели.
Претходно училиштата беа затворени два месеци за време на првиот бран на пандемија на вирусот корона, но владата ги отвори за време на вториот бран од ноември и досега не ги затвори.
„Тоа е најдобрата опција да се забави ширењето на вирусот“, рече Макрон и додаде дека распустот за учениците ќе започне на 12 април.