Американската комичарка и актерка Ејми Шумер влезе во 2026 година со силна порака за грижа и љубов кон себе, објавувајќи фотографии на Инстаграм на кои е видлива нејзината физичка трансформација и губење на околу 22 килограми.
Таа порача дека новата година ја посветува на здравјето и самоприфаќањето – без шминка и без филтри – нагласувајќи ја важноста на семејството, пријателите и грижата за себе.
Шумер претходно откри дека ослабела поради здравствени причини, а не од естетски мотиви. Таа изјави дека боледувала од Кушингов синдром – состојба поврзана со покачено ниво на кортизол – која, како што наведе, може да биде опасна по живот.
Во декември таа соопшти и дека по седум години брак се разведува од сопругот Крис Фишер, наведувајќи дека ќе продолжат заеднички да се грижат за својот син и побара приватност.
Фото: Depositphotos
Текстот Ејми Шумер ослабе 22 килограми и со фотографијата испрати порака за грижа и љубов кон себе е превземен од МАКФАКС.























