Во 2020 година во јавниот водовод на Северна Македонија биле зафатени и преземени 313.013 м3 вода за снабдување, што е за 3,0 проценти повеќе во однос на 2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
– Од вкупното зафатено количество вода, најмногу вода е зафатено од изворските води – 63,8 отсто, а најмалку во езерата – 0,8 проценти, информира ДЗС.
Анализите покажуваат дека вкупното количество испорачана вода од јавен водовод во 2020 година било за 1,0 процент повеќе во однос на минатата година. Според структурата на потрошувачката на вода, најголеми потрошувачи биле домаќинствата, со 69,1 проценти од вкупната испорачана вода од јавен водовод.
Вкупното количество отпадни води во 2020 година било за 0,8 отсто помало во однос на 2019 година, покажуваат анализите на Државниот завод за статистика, додека од вкупното количество испуштени отпадни води во 2020 година, анализите покажуваат дека 66,6 проценти биле непрочистени, а 33,4 отсто пречистени отпадни води.