Во последните три дена од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, пописните активности на терен се одвиваат непречено и во одредени пописни реони со зголемен интензитет. Помалите пописни реони низ државата веќе завршуваат со попишување на населението и се прават последни завршни проверки, соопшти вечерва Државниот завод за статистика.
Во одредени урбани средини интензитетот на попишување се зголемува, се вклучуваат дополнителни попишувачи за да може да се посети секое домаќинство и никој да не биде пропуштен.
Државниот завод за статистика наведува дека со сиот расположлив потенцијал работи непрекинато и според утврдените рокови предвидени во Законот за Попис.