Преку апликацијата за самопопишување досега се евидентирани 18 236 лица, објави Државниот завод за статистика. Податоците се однесуваат за состојбата на 3 март 2021 во 10:00 часот.
Предвидено е собраните податоци преку Апликацијата за самопопишување да се споредат со податоците од претпописната база на податоци. Бројот на самопопишани лица преку Апликацијата за самопопишување, како што велат од ДЗС, не значи по автоматизам број на резидентно население на Македонија.
До апликацијата за попишување наменета за дијаспората, може да се пристапи само со ИП адреса од странство, а секое нарушување на процесот на прибирање на податоци е казниво со Законот за попис.