СДСМ има нецелосен увид во партиските приходи од членарина и неуредена сопственост на партискиот деловен простор, зголемена вредноста на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, а ДУИ примала донации поскапи од законски дозволениот износ, покажува денешниот извештај на Државниот завод за ревизија за конечните ревизорски извештаи на политичките партии, јавува ТВ 24.
Ревизијата на ДЗР покажува дека речиси сите поголеми партии имаат неправилности во финансиските конструкции.