Производителите и трговците затекнати од новиот Закон за заштита на потрошувачи, објави Канал 5.

Како што објавува Канал 5 најмногу реакции предизвика Членот 37, кој ги обврзува сите производители во земјава своите продукти освен на македонски да ги бележат и на албански јазик. Документите кои треба да се коригираат се декларациите, сертификатите, гарантните листови, упатствата за склопување и користење на производот, како и листата на овластени сервиси.

Дел од производителите се жалат дека не биле информирани за новата обврска, а промената на амбалажата ќе им донесе дополнителни трошоци.

„Најпогодени ќе бидат малите производства кои што најверојатно мора да инвестираат во купување на дополнителна опрема за печатење на поголеми декларации и евентуално промена на самиот начин на пакување на производот, па затоа сметам дека тоа би било голем терет и трошок за малите производства. / Самата информираност за стапување на сила на законот е мала, додека казните се големи, затоа апелирам за поголема информираност за да може да почнат производителите да постапуваат по него. “ Марина Манева, сопственик на млекара