Движењето Антикоцкање од Тетово денеска на прес – конференција побара времено затворање на сите објекти за игри на среќа се до донесување на закон којшто ќе предвидува таквите објекти да бидат на три километри надвор од населени места. Ова барање го имаат поради двојното убиство и грабежот во казино во Скопје минатата година.
-Од моментот на убиството на двајца млади луѓе при грабежот во Визбегово бараме затворање на сите објекти за коцкање како во Албанија и Косово се до донесување на вистински закон, бидејќи вие самите изјавивте дека ќе ги следите постапките на земјите од регионот, изјави Џемал Абдиу, претставник на Движењето.
Претставниците на Движењето и порачаа на Владата да не го носи предложениот закон за игри на среќа за кој, според нив, претставува игра што не почитува ниту еден човечки стандард.
-Се совпаѓа со изреката „да кажеме дека правиме нешто“ затоа укажуваме дека ова не помага во решавањето на состојбата во која се наоѓаме. Затоа им укажуваме да не тргуваат на штета на граѓанинот. Владата да ги систематизира тие осум илјади вработени во тие објекти со минимална плата. Вие сте избрани од народот за да го заштитите од тие валкани игри, рече Џемал Абдиу.
Според Движењето, државата повеќе се грижи за вработени во објекти за игри на среќа, отколку за невработените