Движењето „Кој е следен“ го почна протестот пред Законодавниот дом со кој бараат правда по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде животот го загубија 59 луѓе.

Собраните симболично донесоа столчиња, а видлив е и транспарент на кој пишува: „Собранието заседава, молиме за галама“, откако по трагедијата пратениците одлучија да не заседаваат. Борјан Ефтимов од „Кој е следен“  во таа насока рече: „Како граѓани сме фрустрирани од неактивноста на собранието. Не само овие две недели, Собанието и претходно е пасивно. Кога одат пратениците на одмор, решивме да се собереме и да дискутираме за проблемите“.

Активистот ги повика институциите транспарентно да ја објават документацијата за работењето на „Пулс“. Барањето го упати до Државниот пазарен инспектоарт, Министерство за економија, МВР, Инспекторат за урбанизам, локалната самоуправа во Кочани, Дирекција за заштита и спасување, Управата за јавни приходи и консултативното тело за превенција во Кочани.

„Бараме да се објави документацијата за да видиме дали дали бил извршен надзор врз работењето низ годините откако работела дискотеката“, рече Ефтимов.

Движењето повика да се објави документацијата и за случаите со Беса Транс, Дурмо Турс, Онкологија и модуларната болница.

„Системот не функционира, а јавноста нецелосно информирана за да се заштитат индивидуалци или групи кои владееле со Македонија“, рече тој.

Порача дека морална одговорснот треба да презеде и приватниот сектор. Движењето бара Комората на угостители и нивните здруженија да преземат активни мерки за едукација на членките за да се справат со проблемите и да ги заштитат своите гости, а не да се вкучуваат само кога им треба финансиска помош од државата.

Текстот Движењето „Кој е следен“ со столчиња пред Собрание, бара да се објават документите за „Пулс“ е превземен од МАКФАКС.